„Со негова помош можат да се постават не само противтенковски мини, туку и противпешадиски вклучувајќи ги и мините ПМФ-1С. Се работи за противпешадиски мини кои имаат облик на цветни ливчиња а кои се употребуваат за тнр. далечинско минирање на делови на фронтот. Благодарение на своите мали димензии, еден хеликоптер може да „посее“ илјадници мини на простор од неколку квадратни километри. Мината во себе има самоликвидатор (ознака-С) кој се активира по извесно време (најчесто 48 часа по поставувањето – заб. на прев.)“, изјави воен експерт, пренесува интернет-порталот РГ.
Вертолетная система минирования ВСМ-1. Видео: @fighter_bomberpic.twitter.com/KiiWImRYo6
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) 14 March 2019
Овие системи први ги применија Американците за време на војната во Виетнам. Врз основа на нивните искуства и тогашната советска армија го доби својот домашен пандан ВСМ-1.
Во рамките на комплетот ВСМ-1 се наоѓаат четири контејнери во кои се спакувани мините. Овие контејнери се наоѓаат на надворешната страна на телото на леталото. Хеликоптер опремен со ваков комплекс може да понесе од 116 до дури 7424 мини, во зависност од нивниот тип. Самата техника на минирање се изведува така што хеликоптерот лета на многу мала висина (30-150 метри над земјата), при што брзината не сме да биде поголема од 160 км/час.
Треба да се каже дека ваквиот систем на минирање ја покажа својата висока ефикасност во Авганистан, особено при минирањето на подрачја во високите планини, каде главно се движеа муџахедините. За само 60 секунди еден воено-транспортен хеликоптер Ми-8 може да „посее“ повеќе од 7 илјади противпешадиски мини на површина од четири хектари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче