„Мислам дека во текот на летечките тестови, кои исто така ќе се видат на МАКС, публиката ќе ја сфати сета моќ на „Илјушин“, изјави рускиот заменик-министер за индустрија и трговија Олег Бочаров, пренесува РГ.
Првиот пробен лет на овој авион се одржа во март оваа година. Погледнете го полетувањето и слетувањето на Ил-112В:
По пробниот лет ќе дојде до мали измени на конструкцијата на авионот, затоа што се покажа потежок отколку што се очекуваше.
Ил-112В е првиот воен и транспортен авион развиен во постсоветска Русија и ќе ги замени застарените летала Ан-24 и Ан-26. Основното барање при неговата конструкција беше да се добие апарат способен да користи кратки аеродромски писти, вклучувајќи и принудно направени писти (пустини, ливади, ниви). Исто така, се инсистираше да се добие летало кое е многу лесно за одржување, а кое се одликува со висок степен на техничка жилавост при експлоатација со работен век од речиси 35 години (45000 работни часови или околу 30000 полетувања). Покрај овие карактеристики ред барањето беше леталото да биде далеку поедноставно за управување, побрзо, како и да има зголемен оперативен долет, што ѝ го обезбедија новите, значително поекономични мотори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче