Видеото е објавено на „Јутјуб“-каналот на Авијацискиот комплекс „Илјушин“.
Како што соопштија за агенцијата РИА „Новости“ од информативната служба на компанијата „Илјушин“, камерите монтирани на Ил-112В го забележаа првиот лет и истовремено помогнаа во присобирањето податоци за конструкторите и копнените служби.
Авионот Ил-112В првпат полета на 30 март. Командир на екипажот беше шефот на пилотската служба на јавното акционерско друштво „Ил“, Херој на Русија Николај Куимов. Тој изјави дека авионот е извонреден.
Според генералниот директор на „Илјушин“ Алексеј Рогозин, сите системи на најновиот авион Ил-112В се целосно нови и сите се од домашно производство. Од јавното акционерско друштво „Ил“ исто така соопштија дека Ил-112В треба да го надмине украинскиот Ан-26.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче