Не е предвидено автомобилите да ги користат државни функционери, освен на Парадата на Победата, рече министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров.
Сериското производство на кабриолетот „Аурус“, настанат во рамките на проектот за руски автомобили од премиум класата наменети за највисоките руски државни функционери познат под името „Кортеж“, ќе започне 2020-2021 година, најави министерот Мантуров по завршувањето на седницата на меѓувладината комисија за замена на увозни производи со домашни.
Новиот модел е развиен специјално за учество на Парадата на Победата која ќе биде одржана на 9 мај на Црвениот плоштад. Потоа ќе следува процедура поврзана со сертификацијата заради започнување на сериското производство кое се очекува 2020-2021 година.
Не е предвидено државните функционери да ги користат кабриолетите „Аурус“, освен за Парадата на Победата, рече министерот Мантуров.
На пробата за Парадата на Победата во подмосковскиот град Алабино пред пет ден учествуваа кабриолети „Аурус“, кои првпат беа видени без маска. Тие, како што се очекува, ќе ги заменат старите советски кабриолети ЗиЛ-41047.
Кабриолетот „Аурус Сенат“ е нов руски автомобил од премиум класата. Настана во рамките на проектот „Кортеж“, кој е развиен како платформа за автомобили за превоз и придружба на највисоките руски државни функционери.
Специјалните верзии на автомобилот „Аурус“ се користат за превоз на претседателот на руската држава и премиерот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче