ФОТО: Извор: Росијскаја газета
Дали ова ќе биде возможно, ќе покажат анализите од крвта и од ткивата на животното, зашто за успех на целата операција потребни се живи клетки. Иако на рускиот Север повеќе пати се пронаоѓани мамути, засега не е пронајден прикладен материјал. Остатоците не содржеа „живи“ клетки кои се потребни за клонирање, изјавува за Гласот на Русија вишиот соработник од Музејот на мамути „Лазарев“ при Институтот за применета екологија на Северот (СВФУ) Семјон Григорев.
Мамутот што го бевме нашле влева извесна надеж. Ова се најдобрите остатоци според квалитетот на сочуваното меко ткиво кои воопшто некогаш им паднале во рака на научниците.
Таму би можело да има живи клетки, зашто всушност се работи за идеални услови за една гробница. Мамутот паднал во јама, до половината бил во вода која набргу замрзнала и оттогаш не се одмрзнала. Парчињата месо се мошне добро сочувани, имаат црвена боја, сочувана е и свежа крв. Таа се натрупала и се конзервирала во празните структури на мразот.
Работата на обновувањето на мамутот започнала во деведесеттите години од минатиот век. Сè започнало со проектот на научниците од јакутскиот Музеј на мамути при Институтот за применета екологија на Северот и јапонскиот универзитет Кинки: Потоа по подолга пауза беше потпишана спогодба помеѓу Североисточниот федерален универзитет и јужнокорејскиот фонд Соам. Истовремено, минатата година јапонските научници потпишаа спогодба за соработка со Академијата на науките на Република Јакутија.
По успешното пронаоѓање на Новосибирските острови, каде што всушност е пронајден примерокот, започна реализацијата на руско-корејскиот проект. Мамутот што е ископан е стар најмалку 10 илјади години, а научниците сметаат дека ќе успеат да му подарат нов живот. Дури тогаш ќе биде можно подетално истражување на мамутскиот вид, смета Семјон Григорев.
Првата етапа од истражувањето ќе се одвива во Јакутск. Се оформува заедничка лабораторија за проучување на клетките на пронајдените животно. Опремата за универзитетот ја обезбедува корејската страна, додека универзитетот дава простории. Потоа, доколку резултатите бидат позитивни, експериментот ќе се пресели во Сеул. Само таму постои искуство и технологија кои на крајот можат да доведат до клонирање на мамутот.
Ојмјакон: животот на најстуденото место на планетава |
Хуан У Сук, кој го предводи истражувањето од корејска страна, е главен стручњак во ова подрачје. Тој е прв во светот кој има клонирано примерок на куче, а во 2011 година клонираше волк и којот. Ниту тој, ниту руските научници немаат амбиција да ја обноват популацијата на сибирските мамути. За таа цел би требало да се клонираат најмалку 30 мамути од различни примероци, што е сосема нереално. Ако за 10-15 години успеат да клонираат барем еден, тоа ќе биде сензација и голем успех. Тогаш ќе знаеме, истакна Семјон Григорев, дали науката го достигнала степенот на развој на кој е можно да се препородуваат животинските видови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче