Можно ли е да се оживеат неандерталците?

Една од најновите реконструкции на неандерталски маж и дете. Новите сознанија велат дека тие имале многу повеќе „човечки“ изглед одошто се веруваше пред неколку децении. Извор: AFP / Patrick Bernard.

Една од најновите реконструкции на неандерталски маж и дете. Новите сознанија велат дека тие имале многу повеќе „човечки“ изглед одошто се веруваше пред неколку децении. Извор: AFP / Patrick Bernard.

Во светлината на новите истражувања за трагите на неандерталските гени во човечкиот ген се поставува прашањето: постои ли можност да се клонира неандерталецот? На ова прашање одговара директорот на Институтот за генетика на Руската академија на науките Николај Јанковски.

Професорот по генетика на Медицинскиот факултет на универзитетот Харвард Џорџ Черч ја обелодени својата намера да го клонира неандерталецот. Според него, за овој експеримент ќе му биде потребна сурогат-мајка, која би се согласила на свет да го донесе првиот „нов неандерталец“. Но, набргу потоа научникот објасни дека бил погрешно разбран. „Само сакав да кажам дека денес веќе треба да се размислува за тоа, во случај од техничка гледна точка ваквата постапка да стане возможна“, - изјави Черч.

Дали и ние сме малку неандерталци?

 

Неандерталците (Homo neanderthalensis) се припадници на родот Homo, многу блиски до луѓето, но не се наши директни предци. Живееле во Европа и во западна Азија, но исчезнале во времето на последното ледено доба.

Фактот дека се припадници на нашиот вид и дека неандерталците извесен период живееле покрај нас во Европа поттикна бројни расправи за нашето можно вкрстување во тоа време. Некои нови истражувања ја потврдуваат претпоставката дека луѓето со европско потекло носат траги на неандерталскиот ген.

Руска реч на македонски

Постои ли навистина теориска можност да се клонира неандерталецот? На ова прашање одговор ни даде директорот на Институтот за генетика на Руската академија на науките Николај Јанковски. 

„Ако во човечката клетка едноставно ‘уфрлиме’ ДНК од неандерталец, нема да добиеме ништо. Потребно е во клетката да се имплементира ДНК која на правилен начин е ‘спакувана’ во хромозомот, а ние засега не сме во можност да го направиме тоа. Засега дури и не можеме да знаеме дали некогаш тоа ќе биде возможно. Денес науката на ова прашање не може да даде еднозначен одговор“, - изјави Јанковски.

Нашиот соговорник ни објасни дека непосредното „воведување“ на молекул на ДНК во клетката дава ефект само кога станува збор за бактерии, организми во чии клетки не постои јадро. Но, сепак, дури и за такви експерименти потребно е да се има соодветна клетка. Крејг Вентер, научникот што создаде бактерија врз основа на вештачки добиена ДНК, ја уфрлил во таква жива клетка која на правилен начин можела да ја ‘активира’ оваа ДНК. 

„Никому не му е познато во која мера составот на клетката на неандерталецот, ако ја пренебрегнеме ДНК, се разликува од составот на човечката клетка. А, во клетката се наоѓаат различни елементи без кои развојот може да тргне во непознат правец. Суштината се состои во рамнотежата меѓу различни фактори“, - додаде Јанковски.


Ако во човечката клетка едноставно ‘уфрлиме’ ДНК од неандерталец, нема да добиеме ништо. Потребно е во клетката да се имплементира ДНК која на правилемн начин е ‘спакувана’ во хромозомот, а ние засега не сме во можност да го направиме тоа.

 

Николај Јанковски, директор на Институтот за генетика на РАН

Денес научниците не поседуваат живи клетки од неандерталецот, со оглед на тоа дека сите тие се уништени пред многу илјади години. 

„Тоа е како видеоплеер и соодветен компакт-диск. Компакт-дискот, односно ДНК, ние можеби и можеме да го направиме, иако не умееме правилно да го ‘спакуваме’ во хромозомот. Но, науката не е во состојба да направи соодветен видеоплеер, односно клетка. За да добиеме неандерталец освен диск, потребен ни е и плеер“, - смета Јанковски. 

Освен тоа, Јанковски напомнува дека и самото добивање на ДНК исто така претставува сериозен проблем. До денес науката успеа да синтетизира само бактериска ДНК, која е неколку илјади пати покуса од човечката, а со тоа и од неандерталската.

„Во медиумите работата на генетичарите се претставува како сложување коцки: ДНК се уфрла во клетката и сè се случува само по себе, се појавуваат мамути, неандерталци, што и да посака човекот. Тоа е мошне поедноставено гледиште, зашто во оваа сфера засега постојат мноштво препреки и може да се случи некои од нив да не можат да се надминат“, - изјави Јанковски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња