Западни медиуми: Една од најмоќните држави во НАТО планира набавка на руски авиони-ловци Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Турските власти сериозно ја разгледуваат можноста да набават од Русија голем број ловци од петтата генерација Су-57 во случај САД да се откажат од испорака на F-35, соопштува американскиот интернет-портал „Дифенс Њуз“.

за набавка на повеќенаменски ловци од петтата генерација F-35, чии испораки треба да започнат во јуни оваа година. Меѓутоа, турската страна јасно наговести дека доколку САД воведат санкции спрема оваа земја кога е во прашање набавката на авиони F-35 Lightning II, таа може да се сврти на друга страна и да побара од Русија помош за да го реши овој проблем.

Оваа варијанта сѐ посериозно се зема како алтернатива. Според процените на воените специјалисти, врвната техника од руско потекло е речиси двојно поевтина од американските пандани. Овој факт (како и постојаното американско условување) сѐ повеќе ја тераат Анкара својата стратешка набавка „тешка“ милијарди американски долари да ѝ ја довери на Москва.

Засега е непознато како ќе се разреши целата оваа „гунгула“ што ја замрсија Американците по повод решеноста на Турција да набави руски ракетни ПВО-системи С-400 „Триумф“. Имено, првиот контингент на овие системи ќе пристигне во Турција до крајот на јуни оваа година. До септември се планира оваа техника да влезе во оперативните единици на турската армија и на тој начин да стапи во борбено дежурство. Меѓутоа, во истиот временски интервал САД планираат да ѝ испорачаат на Турција две ескадрили авиони F-35. Во САД во овој момент се наоѓаат 13 турски пилоти и 100 техничари кои реализираат сложена програма за обука за употреба и одржување на „невидливиот “ F-35.