Кои членки на НАТО користат руски хеликоптери Ми-24 „Крокодил“ (Видео)

Наука и технологија
ЈАКОБ ОРЕХОВ
НАТО војската лета со хеликоптери поради кои Рамбо имаше жиговина? Токму така. По распуштањето на Варшавскиот договор многу советски хеликоптери завршија во земји кои подоцна ќе ѝ се придружат на Северноатлантската алијанса. И сѐ уште се таму.

1. Унгарија

Унгарија поседува единаесет „Крокодили“ во различни верзии: три Ми-24Д (Hind D во класификацијата на НАТО), шест Ми-24В (Hind E) и два Ми-23П (Hind F).

2. Чешка

Чешка има вкупно седум моќни Ми-24 (Hind).

3. Словачка

Братислава располага со 15 хеликоптери Ми-24 во две различни верзии: пет Ми-24Д и десет Ми-24В, а сите се наоѓаат во резерва.

4. Бугарија

Бугарија поседува шест хеликоптери Ми-24Д/В.