Најтешкиот транспортeн хеликоптер на светот Ми-26 Т2В подготвен за руската армија (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND

Како што претходно беше најавено, во 2019 година во руската армија се враќа модернизираниот воено-транспортен хеликоптер Ми-26 во верзијата Т2В. Новата „летечка крава“, како што го нарекуваат пилотите поради големината, доби нов оклоп и современа техника која е испробана во војната во Сирија. 

Првпат Ми-26 се крена во небото далечната 1977 година и сѐ до ден-денешен е хеликоптер со најголема носивост на светот.

Ми-26 Т2В е опремен со системот „Витебск“ кој го штити од ракети со инфрацрвено наведување. „Витебск“ открива лансирање на ракета и го следи нејзиниот лет во радиус од неколку стотици километри и способен е да ја измами и насочи на друга страна.

„Кравата“ го има и комплексот НПК90-2, систем за автоматско пилотирање во било кое време на денот и ноќта, слетување и маневри кои му претходат на тоа.

Ми-26 Т2В нема офанзивно оружје. Во случај на тактичка неопходности ќе го следат Ми-28 или Ка-52. Задачата е новиот Ми-26 да не биде толку ранлив и да ги зачува своите претходни карактеристики.