Шпионскиот пиштол на Стечкин во вид на табакера (ВИДЕО)

Скриншот
Пиштолот-табакера ТКБ-506, раритет на музејот на оружје кој во текот на 1960-те го направи Игор Стечкин, беше демонстриран на видеоснимка.

Концернот „Калашников“ објави клип посветен на изумот на конструкторот Игор Стечкин за кој многумина не ни слушнале.

Стечкин за потребите на КГБ и Главната разузнавачка управа (ГРУ) во текот на 1960-те го направи пиштолот ТКБ-506 со мали габарити во вид на табакера. Оружјето беше наменето за извршување на борбени задачи на непријателска територија.

Според големината (110х93х20 мм) и изгледот пиштолот речиси воопшто не се разликува од вистинска табакера. Го издава единствено чкрапалото, додека отстрана се гледаат и трите отвори на смртоносните цевки.

Пиштолот е направен за муниција со калибар 7,62х35 мм, а користел и специјални „тивки“ куршуми со калибар 7,62х19 мм.

На прв поглед ТКБ-506 делува како играчка, но тоа беше сериозно оружје. Прецизно погодува цел на растојание од десет метри. Почетната брзина на куршумот изнесува 165 метри во секунда, а според густината на огнот ТКБ не заостанува зад пиштолот „Макаров“. Куршумот истрелан од пет метри пробиваше три споени борови даски.

Па сепак, убиствената табакера не беше во поширока употреба. Сега ретки примероци од ова оружје можат да се видат само во одделни музеи.

Прочитајте повеќе: КГБ на тркала: 8 најдобри автомобили на советските и руските тајни служби

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња