На архипелагот Земјата на Франц Јосиф се откриени девет нови видови комарци кои можат да живеат на температура под нулата. Ги има пронајдено научникот од Пермскиот државен национален истражувачки универзитет Андреј Крашеников, пренесуваат руските медиуми.
Разликата помеѓу билните комарци отпорни на студ и обичните комарци е во тоа што нивните возрасни единки не се хранат, објаснуваат во прес-службата на Универзитетот. Кај овие комарци се хранат само ларвите, а возрасните единки живеат со нецелосно развиен устен апарат.
„Организмите на овие инсекти содржат трехалоза, глицерин и други повеќеатомски алкохоли. Овие соединенија им овозможуваат да не замрзнат, а притоа да ги задржат животните функции и да се разбудат налето“, изјави Крашеников.
Се наведува дека комарците се најраспространетите инсекти во арктичката зона. Видот билни комарци кој е откриен во 1933 година претходно речиси да не беше опишан.
Претходно министерот за природни ресурси и екологија на Русија Дмитриј Кобилкин рече дека климатските промени на Арктикот предизвикале миграција на некои видови животни. Тој истакна дека сега се менува животната средина на лемингот, на полските глувци и на други видови. Според него, овие промени изискуваат анализа.
Поглендете ја фотогалеријата „Морате да ги нахраните комарците“: Девојка од Сибир шокира на Инстаграм со летна фотографија