Палубните ловци Су-33 и МиГ-29КР ќе можат врз „зафатените“ мети да наведуваат „Циркони“ и С-500

MiG Corporation
Руските бродови вооружени со ракети „Циркон“, „Оникс“ и „Калибар“, потоа системите за противвоздухопловна одбрана со голем дострел С-400 и С-500, вклучувајќи ги и нивните бродски варијанти, ќе можат во реално време да ги зафаќаат своите цели со помош на модернизираните палубни ловци Су-33 и МиГ-29КР, истакнаа од Министерството за одбрана на РФ.

Како што пренесува интернет-порталот Лента.ру, дополнително модернизираните авиони-ловци Су-33 и МиГ-29КР ќе имаат способност податоците со координатите на откриените цели да ги пренесуваат до своите поморски и копнени борбени состави. „Сите информации кои овие авиони ќе ги имаат на својот радар ќе бидат групирани во единствениот систем на командување (ЕСУ) на воената морнарица, која во онлајн-режим ќе образува интерактивна карта на реонот во кој оперираат поморските сили, крајбрежната војска или копнените армиски единици“, се истакнува во текстот.

На овој начин буквално секој авион ќе стане мини-команден центар поврзан со голем број копнени и поморски борбени системи, при што пилотите во реално време ќе донесуваат одлука како и на кој начин ќе ја уништат зафатената цел.

„Од најголема важност е правилно да се класификуваат откриените цели и точно да се одредат нивните координати. На овој начин битно се олеснува командувањето во битка, во смисла на донесување исправни и брзи одлуки кои ќе обезбедат гарантирано уништување на клучните борбени ефективи на условниот противник“, изјави поранешниот началник на Главниот штаб на руската Воена морнарица адмирал Валентин Селиванов.

Во октомври минатата година во медиумите се појави информација дека американски ловец од петтата генерација F-35B Lightning II првпат е употребен за наведување на проектили истрелани од повеќецевен ракетен лансер HIMARS (High Mobility Artillery Rocket System). Тогаш овој авион учествувал во операција за извидување на зададен реон, каде благодарение на своите силни сензори успеал да открие непријателска цел, да ги утврди нејзините точни координати и во реално време да ги испрати комплетните податоци до најблиската ракетна позиција на која се наоѓале системи HIMARS кои веднаш извеле огнено дејство.

Погледнете го видеото за МиГ-29К КУБ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња