На првото место на оваа листа се наоѓа американскиот невидлив борбен авион F-35 Lightning II. Авторот на оваа статија смета дека конкурентските држави не успеале да создадат адекватен авион кој би можел да се мери со најновиот американски „фантом“, особено на планот на нивото на „стелтност“ и квалитетот на електронската опрема интегрирана во него. Во текстот, исто така, позитивно се вреднуваат и квалитетите на повеќенаменскиот ловец Eurofighter Typhoon, кој е направен како соработка на најсилните европски земји. Според мислењето на авторот, овој авион со своите тактичко-технички способности може рамноправно да се носи со руските авиони Су-35 од генерацијата 4 ++, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Понатаму, според мислењето на авторот на овој текст, во оваа категорија спаѓаат американските стратешки бомбардери B-52, B-2 Spirit и B-1B Lancer. Овие машини според нивните борбени карактеристики и понатаму се многу актуелни и претставуваат важен фактор за одвраќање преку редовна ротација на просторот на Европа.
Тука се наоѓа и американскиот противподморнички авион P-8A Poseidon кој, според авторот, е еден од најдобрите „ловци“ на непријателски подморници, кои денес се наоѓаат во употреба. Покрај овие авиони, како ефикасно средство во борбата против непријателските подморници авторот ги истакнува новите типови фрегати кои се наоѓаат во вооружувањето на воените морнарици на Италија, Франција, Шпанија, Норвешка и Данска.
НАТО многу ефикасно може да ги употреби и ударните хеликоптери АH-64 Apache. Овие борбени машини поединечно можат да носат и до 16 наведувани ракети Hellfire од класата „воздух-воздух“ кои се способни да нанесат фатални загуби на непријателската оклопна техника.
Што се однесува до копнените сили на НАТО и неговите оклопно-механизирани потенцијали, авторот ги издвојува основните тенкови Leopard 2 кои имаат репутација на „неуништиво“ борбено средство. Тоа е најдобриот тенк во НАТО алијансата, а ништо полоши од него не се ни американскиот M1 Abrams и британскиот Challenger 2.
Покрај наброените борбени средства, авторот ја истакнува и силната компонента составена од нуклеарните носачи на авиони од класата Nimitz, потоа ракетниот ПВО/ПРО систем со голем дострел Patriot и јуришните подморници од класата Virginia.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче