На Кина не ѝ треба рускиот Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот ловец од петтата генерација Су-57 може да биде интересен за кинеската страна од техничко, но не и од воено гледиште, наведува мислење на експерт „Глобал тајмс“.

Постариот консултант на Кинеската асоцијација за контрола на вооружувањето Сју Гуанју смета дека Кина може да купи од Русија неколку Су-57, зашто од нив можат да имаат корист кинеските конструктори.

Главниот конструктор на проектантскиот институт SAC (Shenyang Aircraft Corporation) Ванг Јунг Ѓинг изјави дека е мала веројатноста за примена на ловецот Су-57 зашто Кина има свои ловци од петтата генерација Ј-20. Експертот исто така ги истакна тешкотиите поврзани со интеграцијата на рускиот авион со кинеските системи.

Во март беше соопштено дека речиси е подготвена целата документација за верзијата на рускиот ловец од петтата генерација Су-57Э наменет за извоз.