Заборавена технологија: Ла-350 „Бурја“, советската ракета која беше пред своето време (ВИДЕО)

Наука и технологија
ЈАКОБ ОРЕХОВ
„Бурја“ (рус. „Бура“) беше советска интерконтинентална крстосувачка ракета чиј развој почна 1954 година. Ракетата беше лансирана 18 пати, 7 пати неуспешно.

Воените операции во Втората светска војна покажаа дека артилеријата повеќе не е толку значајна. Поголем домет и сила имаше авијацијата која бурно се развиваше тие години. Единствената слаба точка на овој вид вооружување беше фактот дека некој мора да управува со авионот. Затоа суперсилите почнаа да развиваат наведувани ракети.

Конструкторското биро „Лавочкин“ 1954 година започна со работа над суперсонична крстосувачка ракета која леташе со брзина од 3 маха. 

Меѓутоа, веќе во 1957 година настана прашањето дали треба да се продолжи развојот на Ла-350, затоа што поуспешна беше советската интерконтинентална балистичка ракета Р-7 конструирана во ракетно-космичкото биро ОКБ-1 со кое раководеше Сергеј Корољов. „Бурја“, за разлика од Р-7, беше лесен плен за постојните ПВО-средства. Работата на проектот конечно беше запрена 1960 година, но „Бурја“ стана еден вид претходник на советскиот вселенски шатл „Буран“.