Комплексот „Филин“ доведува до целосна опструкција на сетилото за вид

Youtube
Војниците кои доброволно се подвргнаа на експеримент за време на тестирањето на станицата „Филин“ рекоа дена не биле во состојба да нишанат на целта која се наоѓала на оддалеченост од 2.000 метри. Кај 50% од нив се појавиле пречки како што се дезориентација во просторот, мачнина и вртоглавица.

Две руски ракетни фрегати („Адмирал Горшков“ и „Адмирал Касатонов“) се опремени со станици за визуелно-оптичко попречување „Филин“, кои можат привремено да го ослепат противникот. Ова за руската новинска агенција ТАСС го изјавуваат од информативната служба на холдингот „Роселектроника“ која се наоѓа во рамките на „Ростех“.

„Станицата 'Филин' е веќе поставена на фрегатите „Адмирал Горшков“ и „Адмирал Касатонов“. На секоја од овие две фрегати се интегрирани по два комплета од апаратурата. Аналогна опрема ќе биде инсталирана на уште две фрегати кои се наоѓаат во фаза на изградба во бродоградилиштето „Севернаја верф“, велат од информативната служба.

Комплексот „Филин“ се наоѓа во оперативна употреба од минатата година. Тој може во временски услови на предвечерието и во темнина да онеспособи визуелно-оптички и оптичко-електронски канал за извидување, а исто така и процесот на нишанење на стрелечко оружје за блиска борба. Неговата основна намена е примена од површински борбени пловила и подморница.

Основниот механизам кој доведува до заслепување на човековото око и на оптичко-електронските уреди е исклучително продорна и силна светлина. Таа е составена од нискобранов сноп кој емитува светлина што доведува до опструкција на видното поле, така што доаѓа до рефокусирање на сликата и нејзина целосна деформација.

Војниците кои доброволно се подвргнаа на експериментот за време на тестирањето на станицата „Филин“ рекоа дека не можеле да нишанат на целта која се наоѓала на оддалеченост од 2.000 метри. Кај 50% од нив се појавиле тешкотии како што се дезориентација во просторот, мачнина и вртоглавица. Кај 20% од испитаниците покрај овие симптоми се појавиле и ефекти на привремено губење на видот поради појава на светла точка во нивниот фокус која не дозволува јасно да се распознаваат надворешните облици.

Ова средство мошне успешно може да се употреби за попречување на приборот за ноќен вид, за ласерски далеченски инфрацрвен дијапазон. Ова е особено значајно кога станува збор за противтенковските системи кои на своите цели дејствуваат со помош на оптичко-електронски прибор што го имаат ласерските далномери, односно кои своите ракети ги наведуваат преку ласерски сноп.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ ќе биде дел од Северната флота на руската воена морнарица. Друга фрегата од истата класа која го носи името „Адмирал Касатонов“ во оперативниот состав на Северната флота се очекува оваа година. Моментално во фаза на изградба се наоѓаат уште два брода од проектот 22350 – „Адмирал Головко“ и „Адмирал Исаков“ кои д0 2021-2022 година треба да влезат во составот на воената морнарица.

Должината на руските фрегати изнесува 135 метри, ширината 16 метри, а газот 4.5 метри. Вкупниот депласман на фрегатата изнесува 5.400 тони. Погонската сила што ја генерираат гасните турбини може да достигне 50.000 коњски сили, и тие му овозможуваат на бродот без дополнително полнење гориво да премине 4.500 наутички милји (секако ова се однесува на економичната маршова брзина на пловење). Максималната брзина на бродот при форсажен режим на работа на моторот достигнува 34 јазли (околу 65 километри на час).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња