Пилот сними од авион маневри на Су-35С во Сирија (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Телевизијата „Ѕвезда“ објави снимка од воена вежба на руските пилоти во Сирија.

На снимката се гледаат неколку суперманеварски ловци Су-35С од генерацијата 4++ кои полетаа од воздухопловната база Хмејмим. Одделни сцени се снимени од кабина на друг авион. Една камера снимаше лет на повеќенаменски авион Су-35С од голема близина.

Екипажоте на маневрите увежбуваше избегнување на непријателски оган со помош на топлински мамци и други дејствија во вонредни ситуации. Како што соопштува „Ѕвезда“, сега главната задача на пилотите е „да ја контролираат ситуацијата во воздухот на подрачјето на зоните на деескалација“.

Во зоната на маневрите дежураат и хеликоптери Ми-8.