Овој пат мајсторите од „Јутјуб“-каналот „Гараж 54“ смислија нов опасен експеримент – одлучија да запалат кола со помош на обични батерии за мобилни телефони, кои ги искористија наместо стандарден акумулатор.
Улогата на „заморче“ ја играше стар „Жигули“ (ВАЗ-2104), попознат како „Лада караван“. Набавија стотина литиум-јонски батерии и ги споија, со тоа што претходно мораа да ја симнат фабричката „заштита“ од секоја батерија. На излез добија сила од 10 ампери. Сето тоа го сместија во багажникот на автомобилот, спроведоа кабли и се обидоа да го запалат.
Акумулаторот од „рачна изработка“, за среќа, не експлодираше, а автомобилот запали, и тоа петнаесетина пати. Според тоа, експериментот успеа, доколку не се смета чадот кој повремено избиваше на одделни места на лемењето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче