Во Ростов на Дон извршена операција со помош на егзоскелет – прва од таков вид во Русија и Европа

Егзоскелет ExoChair

Егзоскелет ExoChair

ExoChair
Во Обласната клинија во Ростов на Дон е извршена операција со примена на егзоскелетот ExoChair.

Ова е првата таква операција во Русија и Европа. Егзоскелетот ги придржуваше главниот хирург и неговиот асистент во одделни повеќе или помалку комплицирани фази на операцијата.

ExoChair е пасивен индустриски егзоскелет кој ги растоварува мускулите на грбот и нозете за време на работа во стоечки став. Го произведува компанијата „Полезни роботи“ (Полезные роботы) со поддршка од лабораторијата за роботика на банката „Сбербанк“.

Како што соопшти информативната служба на „Сбербанк“, хирурзите позитивно го оцениле индустрискиот егзоскелет, истакнувајќи дека ефикасно ги придржувал за време на операцијата која траела преку два часа. Во иднина ExoChair ќе биде усовршен во склад со желбите кои ги изразија лекарите и кои главно се поврзани со комфорот при користењето на справата.

Првичната идеја на лабораторијата за роботика беше да се користи егзоскелетот за намалување на заморот и зголемување на продуктивноста на трудот на луѓето кои се принудени на работа да стојат долго. Во текот на тестирањето на овие производи беше решено тие да се тестираат и во неиундустриски сфери, каде е потребно да се растоварат грбот и нозете, на пример, во медицината. Се истакнува дека најблиската конкуренција на овој производ е јапонскиот егзоскелет, но тој може само да се изнајмува, со тоа што изнајмувањето е неколку пати поскапо од купувањето на справата ExoChair.

Кога станува збор за примена на роботика во хирургијата, московските научници во февруари презентираа уникатен роботизиран хируршки систем кој може да врши сложени операции без учество на хирург, со тоа што овој систем е многу попрецизен од хирург.  

Во мај 2018 година лекарите од научноистражувачкиот институт „Склифосовски“ првпат во Русија извршија неврохируршка операција со примена на робот. Пациентот стар 37 години имаше тумор на тешко достапно место во подлабоките сфери на мозокот. Интервенцијата беше успешна и траеше помалку од еден час.

Прочитајте повеќе: Венчавка во егзоскелет

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња