Меѓупланетарна станица лансирана од страна на СССР кон Венера, а која не ја достигнала меѓупланетарната траекторија и понатаму кружи околу Земјата. Како што соопшти американскиот експерт за космонаутика Џонатан Мекдауел, станицата би можела да падне во било кој дел на светот на почетокот или кон средината на 20-те години на овој век.
„Ако е тоа вселенска капсула, таа може да го преживее падот низ Земјината атмосферата и да удри во нејзината површина. Во тој случај, ја очекувам вообичаената веројатност од 1:10000 да падне врз некого. Техничкото средство е цврсто, но инертно и не содржи радиоактивни материјали. Нема потреба од загриженост“, истакна Мекдауел во својот последен извештај за настаните во вселената, пренесуваат медиумите.
На тој начин тој ги демантираше информациите од западните медиуми за тоа дека станицата „Венера“ (која по неуспешната мисија беше преименувана во „Космос-482“) ќе падне на Земјата оваа година. Според мислењето на американски експерт, тоа ќе се случи на почетокот или во средината на 20-те години на овој век.
Претходно, рускиот астроном, историчар на космонаутиката и автор на книга за советските мисии на Венера Павел Шубин, исто така, соопшти дека советската станица која беше лансирана на Венера по половина век талкање во вселената сепак ќе падне на Земјата во периодот од 2023 до 2025 година.
Станицата „Венера-8” беше лансирана во вселената во март 1972 година. СССР подоцна одлучи да испрати и „близнак“ на оваа станица, но во текот на работата на погонскиот блок кој беше задолжен за поставување на станицата на меѓупланетарна траекторија, дојде до дефект на системот. Станицата заедно со погонскиот блок остана во издолжената орбита по која и денес кружи околу Земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче