Сателитот „Ломоносов“ во орбитата.
Скриншот„Со помош на телескопот добивме позначаен резултат отколку што очекувавме. Изгледа дека се соочивме со нови физички појави. (...) Засега не знаеме каква е нивната физичка природа“, ги наведува неговите зборови РИА „Новости“.
Панасјук појасни дека сателитот „Ломоносов“ летал на висина од неколку десетици километри и неколку пати забележал светлосна „експлозија“ со огромна сила. „А под него сѐ е чисто, нема никакво невреме, никакви облаци! Останува отворено прашањето што ја предизвикало експлозијата“.
Тој истовремено додаде дека целата атмосфера сјае од блескотот на ултравиолетовите зраци. За некои од тие појави се знае дека е во прашање спрајт (електрично празнење во мезосферата и термосферата) и „елф“ (блесок со огромни размери но со слаб интензитет во горниот дел на облакот кој носи дожд).
Рускиот научник исто така соопшти дека вселенските зраци со крајно висока енергија е потешко да се забележат со помош на телескопот монтиран на сателитот „Ломоносов“ отколку што се очекуваше, затоа што атмосферата на Земјата е многу „загадена“ со различен блескот, меѓу другото и оној со антропогено потекло.
„На пример, летаме над аеродром и „гледаме“ светла за сигнализација. Нашиот телескоп регистрира и градски светла, а го бележи и делувањето на силните радиостаници на горната атмосферата. Сето тоа нам, се разбира, ни пречи во потрагата по траги на вселенските честици. Но ние научивме да ги разликуваме природните појави кои ни се потребни“, заклучи директорот на Институтот за нуклеарна физика.
Сателитот „Ломоносов“ го направи корпорацијата ВНИИЭМ по нарачка на МГУ. Изнесен е во орбитата со помош на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ во април 2016 година при првото лансирање изведено од космодромот Восточни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче