Претпријатијата кои работат на производство на топлотна заштита за перспективното вселенско летало „Федерација“ претходно учествуваа во производството на познатиот советски вселенски шатл „Буран“, изјави директорот на НПО „Молнија“ Олга Соколова.
„Искуствата од „Буран“ се користат насекаде. Особено корпорацијата која го прави топлотниот штит за „Федерација“ – таа практично во целост ја разви топлотната заштита за „Буран“, рече Соколова.
Таа исто така истакна дека „Молнија“ не престанала да комуницира со конструкторите од вселенските компании како што се РКК „Енергија“, ЕМЗ „Мјасичшев“ и Фондацијата за перспективни истражувања.
„Згора на тоа, специјалистите кои во ФПИ се занимаваат со аеродинамика дојдоа од „Молнија“, додаде таа.
Во текот на летото во Русија почнаа испитувањата на падобранскиот систем за новото руско вселенско летало „Федерација“. Лансирањето на бродот е планирано за 2022, но во „Роскосмос“ решија да го поместат за 2026-27 година.
Првиот и единствен вселенски лет на орбиталниот брод, т.е. ракетопланот „Буран“, беше извршен на 15 ноември 1988 година. Летот траеше 205 минути, леталото направи две орбити околу планетата, по што слета на аеродромот Јубилејни при космодромот Бајконур, во денешен Казахстан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче