Тестирани руски мотори за вселенски ракети кои користат ново гориво

РД-180 во погонот на руското претпријатие за производство на мотори НПО „Енергомаш“.

РД-180 во погонот на руското претпријатие за производство на мотори НПО „Енергомаш“.

Роскосмос/Twitter.com/Global Look Press
Првите мотори од серијата РД-107А/РД-108А кои го користат новото гориво нафтил, беа тестирани и испратени на нарачателот, соопшти корпорацијата „Ростех“.

„Здружената државна корпорација за производство на мотори „Ростех“ успешно го заврши примопредајното тестирање на првиот сериски комплет ракетни мотори РД-107А/РД-108А кои го користат новото гориво нафтил наместо претходно користениот керозин. Првите примероци му се веќе испратени на нарачателот“, соопшти  компанијата, пренесува агенцијата ТАСС.

Планирано е, како што се истакнува, новите мотори да се користат за првиот и вториот степен на ракетата-носач „Сојуз 2“ што ја произведува Ракетно-космичкиот центар „Прогрес“. Од „Ростех“ соопштија за новинарите дека тие мотори се еколошки безбедни.

Извршниот директор на „Ростех“ Олег Евтушенко објасни дека со ова подобрување е овозможено зголемување на товарот кој ракетата го изнесува во орбитата. „Технолошките иновации овозможуваат да се намали еколошкото оптоварување и забележително да се зголеми полезниот товар што се изнесува во орбитата“, објасни тој.

Моторите РД-107/РД-108 ги прави претпријатието „Кузнецов“ а со конструкторската логистика се занимава претпријатието за производство на мотори „Енергомаш“. Претходно овие мотори работеа на керозин.

Главниот конструктор на „Енергомаш“ Петар Лавочкин претходно соопшти дека првата серија мотори на ново гориво за тестирање во реален вселенски лет на ракетата-носач „Сојуз“ треба да биде направена 2019 година.

Прочитајте повеќе: Русите прават ракетен мотор што ќе го надмине РД-170 кој генерираше сила од 20 милиони коњски сили

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња