Тоа е снајперски „мерзер“: Владимир Путин вака ја опиша новата пушка со дострел од 4000 метри

Reuters
На првиот човек на Русија му беа претставени новите модели на снајперски пушки ДВЛ 10-М2 “Урбана“ и DXL-3 “Возмездие” кои ги произведува компанијата Lobaev Arms.

За деталите на презентацијата за интернет-порталот WarGonzо зборуваше конструкторот и сопственик на фабриката за оружје Lobaev Arms – Владислав Лобаев. Според него, на првиот човек на руската држава му биле претставени два модела снајперски пушки:

- ДВЛ 10-М2 „Урбана” која користи куршум 308win и,

- DXL-3 „Возмездие” која користи куршум 338LM

Специфичноста на втората пушка (модел DXL-3 “Возмездие”) е нејзината далекуметност. Имено, таа може да погоди цел на растојание од дури 4000 метри. Меѓутоа, како што забележува Владислав Лобаев, ваков резултат не може да постигне секој професионален снајпериста.

„Тоа е работа за која е нужна систематска припрема која трае месеци и години“, рече тој. „Тоа е специјално конструирано оружје, специјално одбран оптички нишан со кој е можно да се стрела под исклучително голем агол и специјален вид муниција која се разликува од стандардниот/обичен куршум 338LM. Оваа муниција му обезбедува на зрното, кое е инаку потешко отколку кај обичниот куршум, поголеми вредности на почетната брзина на устата на цевката“, пренесува српскиот интернет-портал „Бог-рата“.

Претседателот Путин по запознавањето со основните тактичко-технички карактеристик на новото оружје ги спореди овие пушку со „мерзерите“.

Владимир Лобаев додаде дека двете пушки успешно ги завршиле сите тестови кои се реализирале под патронат на МВР на РФ. Во овој момент тие и понатаму се наоѓаат во фаза на државните испитувања, а потоа ќе бидат примени во вооружувањето.

Во наредниот период оваа исклучително агилна компанија специјализирана за производство на високопрецизно стрелечко оружје со исклучителен квалитет планира презентација на уште една пушка. Се работи за моделот TSVL-8 „Сталинград” кој ќе користи муниција со калибар 338LM.

Потсетник

ДВЛ 10-М2 “Урбана” е лесна снајперска пушка наменета за извршување широк спектар задачи. Своја примена има во рамките на полициските и воените единици. Брзината на куршумот на устата на цевката изнесува 840 м/сек. Вкупната должина на пушката е 1223 милиметри, а нејзината тежина 6 кг. Должината на пушчената цевка изнесува 660 милиметри.

DXL-3 “Возмездие” е високопрецизна снајперска пушка со голем дострел. Масивната пушчена цевка обезбедува висока прецизност на оружјето. Прилагодливиот кундак на оружјето е направен од специјална легура на алумуниум која се користи во воздухопловната индустрија. Брзината на куршумот на устата на цевката изнесува 900 м/сек. Вкупната должина на пушката е 1345 милиметри, а нејзината тежина 7,95 кг. Должината на пушчената цевка изнесува од 720-820 милиметри.

Прочитајте повеќе: Руската ОСВ-96 вброена меѓу петте најдобри снајперски пушки со голем калибар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња