„Ростех“: Основната причина за уништување на кинеските ракети за ПВО-системот С-400 е виша сила

С-400 „Триумф"

С-400 „Триумф"

Wikipedia
Договорениот контингент ракети за ПВО-системот со голем дострел С-400 „Триумф“, кој од Русија тргна за Кина, мораше да биде неповратно онеспособен поради ненадејната бура во која западна рускиот транспортен брод. Меѓутоа, без оглед на сѐ, на кинескиот партнер ќе му биде испорачана договорената количина ракети, со што овој застој многу брзо ќе биде отстранет.

„Наскоро ќе ја завршиме комплетната испорака на ракетите, која не е реализирана на време поради неочекувана хаварија. Имено,  транспортниот брод кој ги превезуваше ракетите за кинеските „Триумфи“ влета во бура, а неговата посада беше принудена неповратно да го онеспособи товарот“, рече првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов, пренесува интернет-порталот „Комерсант“.

Кинезите изведоа боево тестирање на овој систем и тоа со неговата најпотентна ракета 48Н6-Е. Според кинески извори, боевото гаѓање поминало во најдобар ред, при што купениот систем ги демонстрирал високите квалитети кои ги гарантираше производителот.

Кинескиот противвоздушен дивизион опремен со системи С-400 „Триумф“ успешно тестираше ракета со голем дострел 48Н6-Е. Во услови на интензивни електронски пречки, ракетата погоди балистичка цел која се движеше со брзина од 3000 м/сек. на далечина од 250 км.

Инаку, Народна Република Кина е првиот странски руски воен партнер кој го купи овие системи. Договорот за набавка на два полковски комплети ракетни системи С-400 беше потпишан во април 2015 година. Практичната реализација на договорот почна две години подоцна.

Системот за противвоздушна одбрана со голем дострел С-400 „Триумф“ е наменет за борба против широк спектар воздушни цели на далечини и до 400 км, при што тие летаат во широк висински распон. Со додавање на напредни модули овој систем ќе може да се бори против цели на далечина и до 600 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња