Путин предложи развој на национална програма за вештачка интелигенција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Владимир Путин во обраќањето до Федералното собрание изјави дека во Русија се потребни сеопфатни програми за развој на генетиката и истражувања на вештачката интелигенција. Сличен предлог тој изнесе и при крајот на јануари.

„Веќе е потпишан указ за генетски истражувања. Предлагам иста таква програма да се покрене и во сферата на вештачката интелигенција. До 2025 година ние треба да станеме водечка земја во тие две сфери. За да го постигнеме тоа потребно е да се создаде современа инфраструктура“, рече рускиот претседател.

Претходно, на 23 јануари, на средбата со претседателот Путин ректорот на Московскиот државен универзитет Виктор Садовничи предложи да се покрене програма за развој на вештачка интелигенција. Ректорот смета дека Русија има доволно потенцијал да стане првата земја во светот која владее со тие технологии.

Рускиот претседател на 30 јануари ѝ наложи на Владата на РФ заедно со „Сбербанк“ да подготви пристапи до националната стратегија за развој на вештачка интелигенција и да ги презентира соодветните предлози до 25 февруари 2019 година.