На руските патишта ќе се појави суперасфалт

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Русија ќе започне покривање на патиштата со метод на тридимензионално проектирање. Суперасфалтот ќе биде двојно потраен од обичниот.

Ќе трае 12 наместо 4-5 години. Во наредните две години со суперасфалт ќе бидат покриени илјадници километри патишта во Русија. Ова за „Известија” го соопшти руската Федерална агенција за патишта. Според овој метод, асфалтната маса се прави согласно условите на теренот, што значи дека е прилагодена на временските услови, густината на сообраќајот и типот на подлогата. Во зависност од тоа се одредува нејзиниот состав. Асфалтот се меша во етапи и се тестира во секоја фаза. Во тоа се состои тридимензионалното проектирање.

Оваа технологија одамна се применува во САД, а во Русија само три години. Досега е користена на патиштата А-114 Вологда-Тихвин, М-5 „Урал”, А-108 Московска кружна магистрала, како и на некои делници од патот „Таврида” и на патот покрај Кримскиот мост. Оваа метода не е евтина. Стручњаците сметаат дека ќе биде применувана само на патиштата од федерално значење. Својата ефикасност, додаваат експертите, технологијата ќе ја покаже дури по неколку години. Федералната агенција за патишта истакнува дека цената може да се намали доколку се користат локални материјали. Освен тоа, генерален ремонт на патиштата ќе биде потребен поретко: на секои 24 години.