„Стелтна“ ракетна корвета од класата 20380 успешно изведе боево гаѓање со ракета Х-35 „Уран“ (ВИДЕО)

Тв-Ѕвезда
Со противбродска ракета Х-35 е уништен објект на вода кој имитираше непријателски брод. При изведувањето на гаѓањето таргетираниот објект изведуваше остри маневри, но и покрај тоа беше погоден и потопен.

Екипажот на ракетната корвета „Стојки“, која се наоѓа во состав н руската Балтичка флота, изведе боево гаѓање со противбродска ракета Х-35 „Уран“. Гаѓањето е изведено во акваторијата на Балтичкото море, каде што се изведуваат редовни воени вежб на руската морнарица, пренесува интернет-порталот „Ѕвезда“.

Во понатамошниот текст се наведува дека противбродската ракета успешно ја погодила планираната цел која остро маневрирала на растојание од околу 30 км.

Ракетната корвета од класата 20380 „Стојки“ (н. „545“) влезе во оперативниот состав на руската воена морнарица во 2014 година. Основната намена на овие корвети е ефективна контрола на крајбрежниот појас и заштита на водното пространство од непријателски пловила. Се користи за заштита на поважните воено-поморски пристаништа, крајбрежни градови, воена и цивилна инфраструктура, како и за одбрана на чувствителни зони од евентуален поморски десант на непријателот.

Проектот на корветата 20380 претставува разработка на Централното поморско конструкторско биро „Алмаз“. Должината на овој брод е 104,5 метри, неговата широчина изнесува 13 метри, додека полниот депласман достигнува 2200 тони. Максималната брзина на бродот изнесува 27 јазли и е способен да помине 4000 милји. Екипажот се состои од 100 луѓе.

Најголемата сила на овој брод се противбродските супсонични ракети Х-35 „Уран“ кои можат да погодат површинска цел на далечина од 260 км. Х-35 е руска противбродска ракета, наменета за борба против различни површински бродови кои достигнуваат депласман до 5000 тони. Ја движи турбо-млазен мотор ТРДД-50 со потисок од 450 кгс, што е сосем доволно да се обезбеди досонична брзина на летот до 0,85М. Се наведува со помош на активна радарска глава за самонаведување АРГС-35 (систем пукај и заборави). Постои и експортна верзија на овој комплекс опремена со ракети Х-35УЭ.

Погледнете повеќе: Видео: Корвета на Балтичката флота изведе гаѓање од „Редут“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња