Сликата е симболична
ReutersРуски научници развија материјал кој се карактеризира со способност за прочистување на водата од радиоактивен ураниум. Самиот пронајдок се состои од саќест систем со железни нано-компоненти. Способен е да ја прочисти водата од штетни материи до ниво од 95 отсто успешност. Експертите објаснуваат дека во една фаза на производството се добива гел од кој може да се направи саќеста структура, а самата структура на материјалот е таква што активно реагира со ураниум. Материјалот е таков што овозможува отстранување на штетната материја, пропуштајќи ја само течноста, а во него останува седиментот.
Според научниците, процесот на филтрација трае од три до 48 часа. Потоа може да се извлече водата, а седиментот да се отстрани. Се истакнува дека филтрацијата би требало да се врши само на собна температура. Научниците наведуваат дека овој пронајдок не мора да се користи само во домаќинствата, туку и во индустријата, како и при санирање на последиците од техногени катастрофи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче