Германскиот професор по медицина Сигвард Хорст Гјунтер последните 15 години од својот живот ги посвети на истражувањето на тоа како силите на НАТО во воените конфликти користеле осиромашен ураниум и како потоа се бележи зголемена опасност од канцерогени заболувања и мутации кај новороденчињата. Овој филм можеше да стане светска сензација, пишува во најавата за филмот на рускиот „Прв канал“.
Самиот професор Хорст го погоди тешка болест, имаше три операции и преживеа многу чудна сообраќајна несреќа која личеше на вистински обид за убиство. Но, ништо не го спречи да докаже дека е во право, дека сојузничките сили барајќи оружје за масовно уништување на крајот на краиштата и употребиле такво вооружување и дека во валканите и подмолни војни се вршени експерименти врз луѓето.
Погледнете ја руската верзија на филмот „Смртоносна прашина“ или постарата германска со превод на српски јазик:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче