Дали ви се допаѓа оваа тркачка „Лада Веста“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата АвтоВАЗ во Толјати ја претстави својата подновена линија спортски модели кои ќе учествуваат во различни тркачки натпреварувања во текот на 2019 година.

Еден од главните прототипови на овој настан беше најновата „Лада Веста TCR“, направена за учество на најпрестижниот „туринг“ на рускиот рели шампионат (РСКГ).

На трките оваа сезона новата „Веста“ ќе ја движи турбо мотор М5Пт од 1,8 литри, кој се наоѓа и во автомобилите „Рено Меган RS“ и „Алпин А110“.

Силата на овој мотор изнесува 350 коњски сили, максималниот момент на вртежи е 420 Nm.

Автомобилот е опремен со независна двојна суспензија со оригинален дизајн.

Рели возачот од Омск Михаил Грачев и екатеринбуршкиот пилот Кирил Ладигин ќе седнат зад воланот на овој автомобил во годинашнава сезона.