Се појави видеоснимка од најновиот руски тегнач на ракети

Видеоснимка од прототипот на четириосовинскиот камион КАМАЗ-7950 се појави на социјалните мрежи. Четириосовинското возило, направено во склоп на програмата „Платформа“, е снимено на патот кон опитниот полигон кај градот Набережние Челни.

Главната одлика на шасијата е електромеханичката трансмисија од нова генерација, пишува „Дифенс Блог“. Исто така, впечатливи се тркалата кои се големи дури и за воено теренско возило: декларираната длабочина на водна пречка која КАМАЗ може да ја совлада изнесува 1,3 метри. Прототипот поседува дизел мотор од 918 коњски сили. Трансмисијата е електромеханичка, односно секое тркало има сопствен електромотор. Предните четири тркала можат да ротираат. Декларираниот капацитет на товарот изнесува 40 тони.

Планирано е да четириосовинското теренско возило да се користи како транспортер на ракети за ОТРК „Искандер“, противбродските системи „Бал“ и „Бастион“, ПВО системот С-400 „Триумф“ и други борбени системи. Камионите од Татарстан ќе ги заменат во руската армија актуелните пандани со повеќе тркала од белоруско производство.

На саемот „Армија 2018“ КАМАЗ претстави камион со конфигурација на тркалата 16х16, со погон на сите тркала. КАМАЗ-7850 е исто така направен во рамките на проектот „Платформа“ и намената му е за транспорт на балистички ракети.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња