Американски генерал го коментира новото руско оружје

Слободан Ѓукиќ
Кина и Русија достигнаа ниво на „четврта димензија“ кога е во прашање одбранбената сфера и тоа е аларм за итна реакција додека не биде доцна. Војската нема начин да се одбрани од евентуален удар на руските хиперсонични боеви блокови „Авангард“, напоменува генерал Хауард Томпсон, началник на Северната команда на Војската на САД.

Генералот во својот текст што го напиша за американскиот весник „Хил“ (Hill) индиректно го критикува политичкиот врв на САД, кој очигледно не е свесен колку Русија и Кина отишле далеку кога е во прашање усвојувањето на технологија која ќе осигура удар со хиперсонична брзина. Според високиот американски офицер, САД мора да ги следи новитетите од оваа област и да покаже иницијатива во развојот на слични проекти.

Во текстот се нагласува дека во овој момент хиперсоничното оружје нема алтернатива. Тоа во својот извештај го потврди и институтот „Мичел“, специјализиран за аеронаутички истражувања, во кој пишува дека хиперсонично оружје би им овозможило на САД на огромна оддалеченост да ги уништат речиси сите цели кои се наоѓаат на планетата. Со развој на ваков тип оружје, сите средства за ПВО кои денес се произведуваат во светот автоматски би станале застарени.

Поседувањето вакво вооружување во својот арсенал му дава на неговиот корисник можност за владеење со тнр. „ефект на четвртата димензија“, кој во суштина подразбира радикално намалена можност на непријателот да одбие таков напад. Едноставно, непријателот ќе нема време ефикасно да реагира затоа што брзината е таа која го диктира целиот процес.

Американскиот генерал напоменува дека успешното тестирање на руската ракета која носи планирачки хиперсонични боеви блокови „Авангард“ носи потенцијално катастрофални последици за американската одбрана. Од таквите брзи објекти САД едноставно не можат да се одбранат. Постојната противракетна одбрана не поседува средства кои би можеле да го пресретнат „Авангард“. Едноставно, тие не се проектирани за такви брзини.

Се работи за објект кој се движи во густиот слој на атмосферата и кој има интерконтинентален дострел. Во тие услови тој остварува брзина поголема од 20 маха. Што е уште „полошо“, овој објект при таа брзина може и да маневрира како по правец, така и по висина, што севкупно го прави практично незапирлив за сите средства на противвоздушната и противракетната одбрана кои се наоѓаат во американската војска.

Министерството за одбрана на Руската Федерација по наредба претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 30 декември минатата година успешно тестираше ракета која е дел од програмата „Авангард“ со хиперсоничен крстосувачки боев блок. За овој навистина важен настан соопштение издаде информативната служба на Кремљ. Накратко потоа, стручњакот на меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“ Ричард Вајц се осврна на тестирањето на руското супероружје изјавувајќи дека најновиот развој на настаните би можел уште повеќе да ги оптовари односите на релација Москва-Вашингтон кога е во прашање сферата на контрола на вооружувањето.

Првиот ракетен полк за стратешка намена кој ќе биде опремен со ракети „Авангард“ ќе стапи на боево дежурство во Домбаровската дивизија која се наоѓа во Оренбуршката област. Токму единиците на оваа ракетна дивизија успешно го изведоа лансирањето на оваа ракета.

Прочитајте повеќе: Русите лансираа ракета „Авангард“! На настанот лично присуствуваше и претседателот Путин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња