Санката која го движи авионскиот пропелер е како создадена за бескрајните руски снежни предели, па не е ни чудо што се имаат појавено токму во најстудената земја на светот.
А, се појавиле сосема случајно: авиомоторот за време на едно тестирање во 1903 година бил поставен на санка, а на инженерот Сергеј Неждановски мошне му се допаднала ваквата комбинација. Тој и ја патентирал првата „аеросанка„.
Основната намена на санката била превоз на стока, пошта и учество во воени операции.
Аеросанките секако биле побрзи од автомобилите и поевтини од авионите.
Воените аеросанки најчесто биле двоседи со лесен оклоп, лесни автоматски пушки или топови. Се користеле на површината на замрзнатите реки и езера како што се Ладога или Иљмен, во крајбрежните подрачја или на замрзнатите води на Финскиот залив.
МАММ/МДФ/russianphoto.ru
И покрај привидната леснотија и бавноста (просечната брзина ретко надминувала 25-30 километри на час) санката се покажала како вреден алат во условите на суровата руска зима и одиграла важна улога во борбата против единиците на Хитлер.
Маршал Росковски вака ја опишал улогата на санката НКЛ-26 во одбивањето на германската противофанзивна 1942 година на градот Сухиничи (Калушка област): „Непријателот е заробен и престрашен. Мисли дека санките се всушност тенкови и беше изненаден, зашто се чинеше дека тенковите летаат над длабокиот снег“.
Getty Images
По Втората светска војна од каросеријата на автомобилот ГАЗ-М20 „Победа“ и авиомоторот Ал-14 е составена, се чини, перспективната аеросанка Север-2. Но, превозното средство не ги положи тестовите и проектот беше напуштен.
TASS
Во шеесеттите години од минатиот век се појави моќната санка КА-30 за осуммина патници и таа развиваше брзина од 100 километри на час. Агентите на КГБ ја користеа КА-30 со нешто повеќе коњски сили и седишта.
Рудолф Алфимов / Sputnik
Со аеросанката А-3 ги бараа космонаутите по слетувањето, Леонид Брежњев со неа одеше на лов, а му послужи и на Сергеј Бондарчук и за снимањето на филмската епопеја „Војна и мир“ (1967).
Денес аеросанките се произведуваат и во други северни земји како што се Канада и Норвешка.
Но, Русија останува главниот пронаоѓач на аеросанката, покривајќи околу 90 отсто од пазарот.