„За единиците на руската воена морнарица развиваме нов модел на високопрецизна крстосувачка ракета „КалибарМ“. Оваа ракета ќе се базира на борбени пловила, а нејзиниот максимален дострел ќе изнесува 4500 км. Во моментов оваа ракета се наоѓа во фаза на опитно-конструкторски работи. Целата програма на нејзиниот развој ја финансира Министерството за одбрана“, рече за руските медиуми неименуван извор од министерството, пренесува српскиот интернет портал Бог-рата.
Тој напомна дека новата ракета „Калибар-М“ ќе влезе во вооружувањето до 2027 година.
Според изворот, новата ракета освен по параметрите на максималниот дострел ќе се разликува и по своите габарити во однос на оперативната ракета „Калибар“. Изворот истакнува дека „Калибар-М“ ќе биде погабаритна ракета, која ќе биде во состојба да понесе товар со маса од 1000 килограми. „Калибар-М“ ќе биде во вооружувањето на тешките ракетни крстосувачки, ракетните фрегати, но и на нуклеарните јуришни подморници. Покрај конвенционална боева глава, која ќе биде двојно потешка од постојната, новата „Калибар-М“ ќе носи и нуклеарно оружје.
Во овој момент во вооружувањето на руската морнарица се наоѓаат крстосувачките ракети 3М-14 „Калибар“. Според достапните податоци, се работи за супсонични ракети со ефективен дострел до 2000 км. Се произведува во две верзии кои се употребуваат од површински бродови (Калибар-НК) и са подморници (Калибар-ПЛ). Конкретно, со овие ракети се вооружени ракетните фрегати од класата 22350, корветите од класата 21631 „Бујан-М“. Тука се наоѓаат и јуришните нуклеарни подморници од класата 885 „Јасен“, дизел-електричните јуришни подморници од класите 877 и 636.3 итн.
Максималната маса на боевата глава на стандардните верзии на ракетата „Калибар“ е 500 кг. Тие беа многу успешно применети против терористички копнени цели во Сирија. Притоа беа лансирани од површински бродови и подморници.