„Се работи за реална имитација на крстосувачка ракета, која ќе овозможи ефикасно увежбување на ракетните екипажи на практично сите оперативни средства за ПВО кои се наоѓаат во рамките на Копнената војска“, изјави Иванов за интернет-порталот ТАСС, пренесува Взгљад.
Тој прецизираше дека ракетата-мамка е составен дел на имитациско-транспортниот комплекс „Аѓутант“.
Иванов рече дека овој тип на мамка е способен да се движи во сите режими на летање и со адекватни оптоварувања кои ги изведува и реална крстосувачка ракета, на висини до 100 метри. За неа е развиен и специјален падобран кој ќе овозможи безбедно приземјување на ракетата која се движи на мали и ултрамали висини. Имено, основната цел на конструкторите на оваа ракета-мамка е воените вежби со боево гаѓање да се доближат колку што е можно повеќе до ситуации кои ќе бидат дури и потешки отколку во реални борбени услови.
Фабриката „Купол“ го произведува можеби и најдобриот противвоздушен систем со краток дострел кој во моментов се користи во светот. Тоа е позната линија системи „Тор“: Неговата последна модификација ја носи ознаката „Тор-М2“ и во вооружувањето на руската армија се наоѓа од 2016 година. Покрај тоа, за употреба во екстремни климатски услови како што е Арктикот, оваа компанија ја разви специјалната модификација „Тор-М2ДТ“ која неодамна влезе во состав на Аркичката оперативна група.
„Тор-М2ДТ“ претставува ракетен систем со краток дострел, специјално проектиран за суровите временски услови какви што има на север. Се одликува со голема подвижност бидејќи е интегриран на гасенична платформа ДТ-30 која е специјално направена за непроодни терени какви што се наоѓаат на северот на Русија. Во борбените спремници има 16 многу агилни ракети 9М338К со ефективен дострел од 16 км во далечина и 10 км во височина. Системот за откривање воздушни цели и управување со огнот (радар+оптоелектронски уред) може истовремено да нападне до четири различни цели. Екипажот се состои од три члена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче