Шојгу оцени дека опремувањето на руската војска со современо оружје е „без преседан“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската војска достигна ниво на опременост со современо вооружување без преседан, соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Според него, во текот на 2018 година војската добила преку илјада и петстотини нови типови вооружување, како и 80000 парчиња нова техника.

„Тоа е огромна цифра. Генерално гледано, достигавме стапка од 61,5 удел на најмодерна опрема во составот на вооружените сили. Тоа ниво не е вообичаено, ниту постои кај која било друга армија во светот денес“, го цитира РИА „Новости“ Шојгу.

Тој истакна дека задачите поставени во текот на подготовката и имплементацијата на државната програма за вооружување се исполнети согласно планот. Претходно беше соопштено дека Стратешките ракетни сили на Руската Федерација до крајот на годината ќе добијат околу сто нови типови вооружување.