Кога во Русија ќе се појават суперсонични патнички авиони?

Ту-144

Ту-144

Џим Рос - NASA Dryden Flight Research Center, wikimedia.org
Во периодот меѓу 2025 и 2030 година во Русија ќе се појават суперсонични патнички авиони, изјави генералниот директор на Централниот аерохидродинамички институт „Жуковски” (ЦАГИ), дописен член на Руската академија на науки Кирил Сипало.

Сипало изјави дека суперсоничните патнички авиони во Русија ќе се појават меѓу 2025 и 2030 година, додека „показните модели ќе се појават порано, околу 2021 година, а 2023 година веројатно веќе можеме да очекуваме прототип”, пренесува РИА „Новости”.

Тој објасни дека денес пристапот кон проектирањето вакви авиони е посистематски отколку што бил во времето на проектирањето на британско-францускиот „Конкорд” или советскиот Ту-144.

На пример, сега „најпрвин се проучуваат токму еколошките фактори и методите за намалување на негативното влијание на овие авиони врз животната средина”.

Зборувајќи за моторите за ваков авион, Сипало истакна дека сѐ уште не постојат такви погонски системи ни во Русија ни во странство. И руските и западните стручњаци „пред сѐ се ориентираат на воената авијација или на некој вид модернизација на она што веќе постои во цивилното воздухопловство”. Веќе „се зборува за повеќенаменски погонски системи, двоконтурни или троконтурни”.

Сипало во септември изјави дека производството на суперсоничен патнички авиони во Русија би можело да почне по 2030 година. Претходно беа објавени прелиминарните карактеристики на суперсоничниот патнички авион.

Прочитајте повеќе: „Туполев“ го најавува идниот патнички суперсоничен авион

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња