Чистачи на снег без возач почнаа да чистат снег во Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во Русија почна тестирањето на автономни возила за чистење на снег, соопшти претставникот на Националната технолошка иницијатива „Автонет” Јарослав Федосеев.

Тестирањето се врши во Рјазањската област. Од безбедносни причини возилата со автопилот ќе го чистат снегот на затворена територија „ноќе и само при мали врнежи“. Во реонот на нивните активности ќе бидат поставени табли со предупредување „Работа на автономна техника”.

Работата на возилата со автопилот далечински ќе ја контролира диспечер, пренесува РИА „Новости”.

Во иднина на експериментите најверојатно ќе им се приклучат Москва и Татарстан.

„Автонет” соопштува дека возилата без возач го намалуваат времето за чистење на снегот за 35% со оглед на фактот дека така се продолжува работното време на тракторот.

Автономниот мини-трактор на компанијата Avrora Robotics го носи називот „Агроробот”.

Планирано е во 2020 година да биде претставен предлог-закон кој ќе го олесни излегувањето на автоматизираната техника за чистење на снег и други комунални работи на јавните патишта.