Путин ја оцени ефикасноста на американските ракети „Томахавк“ истрелани врз Сирија

Reuters
Ефикасноста на примената на американските крстосувачки ракети „Томахавк“ во Сирија и Ирак е околу 30%, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана на РФ.

„Што се однесува до поморското базирање, познатите ракети „Томахавк“ се веќе мошне стари, навистина. Праксата на нивната примена во Ирак и Сирија, според податоците на нашите воени експерти, покажува дека нивната ефикасност е некаде околу 30%. Ним секако им е потребно усовршување. Ситуацијата е малку подобра кога станува збор за ракетите со воздушно базирање“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости“.

Рускиот претседател исто така истакна дека со најновото руско оружје е осигурана безбедноста на Русија неколку децении однапред и тој факт ќе ги присили оние кои навикнале на милитаристичка реторика добро да се замислат.

Шефот на Белата куќа Доналд Трамп претходно изјави дека ракетите истрелани врз Сирија се „нови и паметни“.

Од друга страна, во мај беше соопштено дека американското Министерство за одбрана има намера да се откаже од производството на крстосувачките ракети „Томахавк“ бидејќи не одговараат на современите потреби.

Прочитајте повеќе: Американските медиуми за судбината на ракетите Томахавк и СКАЛП во руски раце: Тоа е полошо од смрт!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња