Американските медиуми за судбината на ракетите Томахавк и СКАЛП во руски раце: Тоа е полошо од смрт!

Американскиот напад врз Сирија на 6 април 2017

Американскиот напад врз Сирија на 6 април 2017

Department of Defense/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Американците се обидуваат да ја предвидат судбината на „паметните“ крстосувачки стелт-ракети кои не детонираа во Сирија, а веќе доспеаја во Москва.

За настан од стратешко значење се смета Асадовото предавање на Русија на најновиот модел на американската крстосувачка ракета „Томахавк“ (RGM-109E Tomahawk Block IV), и тактичката крстосувачка стелт-ракета AGM-158A/B JASSM-ER. Според мислењето на авторот на изданието Popular Mechanics, ракетите ги очекува судбина „полоша од смртта“, затоа што Москва наскоро ќе знае како да го уништува оружјето на противникот.

„Постојат делови на современата ракета кои паметен непријател може да ги искористи за свои цели“, пишува наведеното издание. Првиот чекор во „долгата смрт“ на „Томахавкот“ ќе биде проучувањето на инерцискиот навигациски систем. Истражувањето може да потрае со години, но еднаш сигурно ќе заврши со „смрт на ракетата“, смета редакцијата на Popular Mechanics

Началникот на Главната оперативна команда на Генералштабот на руската армија генерал-полковник Сергеј Рудској, нагласи дека во Москва се пренесени пресретнати крстосувачки ракети од типот на „Томахавк“ (Tomahawk) и СКАЛП ЕГ (SCALP EG).

Се претпоставува дека овие ракети стигнале во Русија практично цели (оплата + погонски блок), со сите витални електронски компоненти кои служат за нивно управување и наведување. Во моментов овие ракети се наоѓаат на „операциона маса“, а нивна детална „аутопсија“ врши мултидисциплинарен тим составен од најпрестижните руски научници.

Прочитајте повеќе за „аутопсијата“ на крстосувачките ракети „Томахавк“ и СКАЛП

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња