Архитектонските чуда на Москва: Џиновски бран ги заплисна фасадите на станбените згради

MosSobyanin

Зградите ги краси графика настаната според примерот на едно од најпознатите дела на јапонската ликовна уметност во светот.

На фасадите на шест станбени згради во новоградба во комплексот Eталон-Сити во реонот Јужно Бутово, на вкупна површина од 60 илјади квадратни метри, насликан е огромен бран според мотивите на ширум светот позната јапонска графика.

Шест повеќекатници на улицата „Старокримска“ се декорирани со делото на јапонскиот уметник Кацушике Хокусаи „Големиот бран кај Канагава“. 

Графиката е поставена на виртуелен план и расчленета на делови според големината на фасадните блокови. 

Комплексот што го сочинуваат шест згради локалното население веќе го прогласи за знаменитост, напиша градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. Градителите во рускиот главен град сѐ почесто користат нови решенија во уредувањето на фасадите, напомена градоначалникот.

„Во Северно Бутово пристигна јапонското море. На шест нови згради во улицата „Старокримска“ се појави џиновски бран“, напиша Собјанин. Како што потсетуваат руските медиуми, јапонската тематика не е присутна само во изгледот на кулите, туку и во нивниот назив – Токио. Од комитетот за реализација на инвестициски проекти во градежништвото истакнуваат дека ваквото дизајнерско решение го овозможила технологијата на вентилирана фасада.

Прочитајте за најдоброто од Русија: древна, советска и современа архитектура

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња