Руски научник објаснува зошто Американците сепак слетале на Месечината

Слободни извори

Во интервјуто за РИА „Новости“ директорот на Институтот за геохемија и аналитичка хемија на Руската академија на науки Јуриј Костицин се осврна и на прашањето за американското слетување на Месечината. Тој одговори на прашањето за тоа какви докази постојат дека Американците во периодот од 1969-1972 слетале на Месечината, како и дали тие вештачки можеле да направат лунарна земја и да ја претстават како доказ.

„Прашањето дали Американците слетале на Месечината не е контроверзно. Меѓутоа, и понатаму постојат шпекулации на оваа тема, а тие главно доаѓаат од луѓе кои немаат никаква стручна врска со вселената“, рече Костицин и додаде: „Нема да слушнете ниеден космонаут да тврди дека Американците не слетале на Месечината“.

„Развојот и имплементацијата на американската програма за испраќање човек на Месечината под кодното име „Аполо“, започнат 1961 година, е следен ширум светот, вклучувајќи го и СССР. Американците во периодот од 1969-1972 имаа седум лунарни мисии, а една од нив беше неуспешна“, изјави експертот.

„Мисијата „Аполо 13“ со екипаж е започната на 11 април 1970, по двете претходни успешни мисии „Аполо 11“ и „Аполо 12“, но претрпе хаварија. Гасниот цилиндар е оштетен во ракетата, неговата содржина почна да истекува и да го цепи трупот на леталото. Леталото почна неконтролирано да се движи. Тогаш е одлучено да се продолжи кон Месечината за да се искористи нејзината гравитација за враќање на Земјата затоа што можеше да се случи да нема доволно гориво за враќање. По овој инцидент, Американците уште четири пати слетаа на Месечината“, објаснува Костицин.

„Невозможно е да се фалсификува лунарна земја. Американците од седум лунарни мисии на Земјата донесоа преку 150 килограми земја и тоа првенствено базалт. Сето тоа потоа го проучуваа научници од разни земји – Германија, Франција, СССР“, вели тој.

„И на Земјата има базалт, но неговиот хемиски состав, својствата и структурата значително се разликуваат од лунарниот. Американците донесоа парчиња земја кои според староста се многу блиску до староста на Сончевиот систем“, објаснува понатаму Костицин и додава: „Потребно е да се истакне дека и Земјата и Месечината настанале отприлика во исто време, но древните камења на Земјата на опстанале поради литосферсните процеси“

„На Земјата камењата се менуваат благодарение на елувијалните процеси. Супстанцата која се формира на површината на Земјата непрекинато тоне во подземјето и таму се дроби што води до исчезнување на карпите. На Месечината елувијалните процеси се различни, а ги причинува соларниот ветар. Такво нешто не постои на планетата Земја. Честичките на соларниот ветар постепено ги дробат лунарните карпи. Во издробена форма тие се нарекуваат регалит и тој ја прекрива Месечината на многу места. Американците и тоа го донесоа на Земјата па стана можно да се проучи и проследи хронологијата на процесите кои се одвиваат на лунарното тло“.

„Да се инсценира американско слетување на Месечината би било потешко и поскапо отколку навистина да се отиде таму. А тогаш таквата измама би требало да се чува во трајна тајност, што не е можно. НАСА би можела да ги чува своите фајлови како тајна, но во реализација на мисиите „Аполо“ учествуваа и бројни независни фирми“, наведува експертот.

„Сомнежите на светската јавност во веродостојноста на Месечината беа предизвикани од снимањето на документарните филмови за тоа. Американците во нив заради илустрација користеа снимки направени во филмските студија“, заклучува Костицин.

Прочитајте повеќе: Зошто СССР не испрати човек на Месечина?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња