Ова е првиот руски товарен дрон (ВИДЕО)

На интернет се појави видеоснимка од показниот лет на првото руско транспортно беспилотно летало „Скиф“.

„Скиф“ може да развие брзина до 70 километри на час. Леталото се искачува на висина до три километри, а максималниот долет надминува 350 километри доколку не носи полн товар, јавуваат медиумите.

Производителите сметаат дека овој дрон има значителен извозен потенцијал затоа што не е скап и лесно се одржува.

Интерес за дронот покажаа Турција, Саудиска Арабија и европски земји.

Инаку во мај успешно беше употребен поштенски дрон во тарбагатискиот округ на Бурјатија.

Прочитајте повеќе: Новиот руски товарен дрон го нарекуваат „Халк“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња