Руските научници утврдија кога ќе згасне Сонцето

Global Look Press
Очекуваното траење на животниот век на Сонцето се проценува на 10 милијарди години, а речиси половина од овој период веќе истекла.

„Сонцето се наоѓа во главниот стадиум на еволуцијата на ѕвездите. Тоа значи дека во длабочините на Сонцето постојано се одвива термонуклеарна реакција, што е главниот извор на соларната енергија. Ова е најдолгиот сегмент на животот на една ѕвезда и сочинува околу 90 отсто од неговото траење“, објасни директорот на Институтот за Земјин магнетизам, јоносфера и простирање на радио брановите „Н. В. Пушков“ при Руската академија на науки Владимир Кузнецов во интервјуто за РИА „Новости“.

Според него, вкупниот животен век на Сонцето се проценува на десет милијарди години, а поминале речиси 4,5 милијарди години.

Тој зборуваше и за стадиумите на умирање на Сонцето. Најпрвион ќе изгори целиот водород во ѕвездата, потоа ќе почне да гори хелиумот, а потоа и потешките елементи. За околу пет милијарди години балансот на силите во длабочините на ѕвездата ќе се промени, така што таа ќе се претвори во тнр. „црвен џин“, допирајќи до орбитата на Венера.

На крај ѕвездата ќе стане мртво „бело џуџе“ со радиус од само десет километри и колосална густина која не може ни да се спореди со густината на металот. Околу таквото џуџе ќе ротираат остатоците од планетите Марс, Јупитер и Сатурн.

Претходно од лабораторијата за рендгенска астрономија на Сонцето при Институтот за физика „Лебедев“ на Руската академија на науки  беше соопштено дека во 2019 година ќе почне зголемена соларна активност.

Во ноември меѓународен тим на астрофизичари пронајде двоен ѕвезден систем во едно од соѕвездијата на Млечниот пат каде би можела да се случи опасна експлозија на гама-зраците.

Прочитајте повеќе: Сонцето е во фаза на соларен минимум: Земјата ја очекува мала ледена доба, велат руските научници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња