Кримскиот аеродром Белбек доби писта на која ќе можат да слетуваат тешките „Руслани“

Sputnik
Завршена e изградбата на пистата во должина од 3450 метри со придружната инфраструктура која ќе може да прими авиони од најтешката класа. Комплетните работи се завршени месец дена пред рокот, употребено речиси милион тони кршен камен и 50 илјади тони цемент.

„Денес првпат на новата писта на аеродромот Балбек на Крим слета двомоторен патнички авион од средна класа Ан-148“, пренесува интернет порталот ТАСС.

Од руското Министерство за одбрана дадоа информација дека неодамна биле завршени работите на изградбата на пистата со вкупна должина од 3450 метри. Целата работа е завршена месец дена пред планираниот рок. „Новата писта ќе ги прошири можностите на овој аеродром, така што ќе можат да го употребуваат практично сите летала за цивилна и воена намена, вклучувајќи ги и тешките воено-транспортни авиони. На аеродромот се изградени пет патеки за возење и седум места за стоење на летала од класата Ил-96 и А-319. Аеродромот е оддалечен 400 метри од брегот на Црното море“, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Според информациите на министерството, при изградбата на аеродромската инфраструктура е применета нова технологија, особено во фазата на логистичкото обезбедување на градилиштето со неопходниот градежен материјал. На пример, за изградба на пистата се потрошени повеќе од 900 илјади тони кршен камен со различна фракциска гранулација, преку 100 илјади тони песок и повеќе од 50 илјади тони цемент.

„Градежниот материјал е обезбеден во Ростовската област, Краснодарскиот и Ставрополскиот крај“, истакнува информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.

Кон средината на јануари Владата на Руската Федерација подготви план за развој на севастополскиот аеродром Белбек за цивилни потреби. Министерството за економија на РФ, Министерството за одбрана на РФ, ФСБ и челниците на Севастопол, заедно со „Меѓународниот аеродром Симферопол“ добија задача да направат план за изградба на адекватна писта и друга неопходна инфраструктура со цел проширување на функциите на аеродромот Белбек. Во мај се појавија првите информации дека се започнати градежни работи за проширување на инфраструктурата на воениот аеродром Белбек.

Погледнете ја нашата фотогалерија: Новите аеродроми во Русија – празник за очите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња