Каде да се изгради аеродром?

Извор: PhotoXPress.

Извор: PhotoXPress.

Нов меѓународен аеродром може да се појави на трасата Москва-Петербург. Овој предлог сега го разгледува конзорциумот кој врши разработка на моделот за развој на Московскиот воздухопловен јазол. Тој треба да биде готов до 1 јули. Меѓутоа, некои експерти не ја поддржуваат идејата за зголемување на сообраќајот во престолнината и предлагаат тој да се пренасочи кон регионалните авиолинии.

Прашањето е што е подобро: да се изгради нов аеродром или да се користат веќе постоечките?

Според прелиминарните прогнози аеродромите Домодедово, Шереметево и Внуково до 2025 година можат да достигнат максимален капацитет од 120 милиони патници на годишно ниво. По тој повод на февруарското заседание на работната група за развој на московскиот воздухопловен јазол се разгледувало прашањето за изградба на нов аеродром. Се претпоставува дека со него до Москва со брзиот воз Сапсан ќе може да се стаса за околу еден час, а до Санкт Петербург за три часа. Свои платформи за изградба веќе понудиле актуелните аеродроми кои се наоѓаат во близина на Москва, Ермолино и Раменское, како и воениот аеродром во Клин. Замислата е добра, зашто во тој правец е развиен автомобилскиот и железничкиот сообраќај, вели експертот за авијација на РБК Сергеј Стариков. 

Прашањето е што е подобро: да се изгради нов аеродром или да се користат веќе постоечките? Постоеше предлог да се искористи воениот аеродром Клин. Постои и аеродром со двојно базирање во Твер. Тоа е Мигалово. Поточно, може да се развие веќе постоечката инфраструктура. Секако дека овој аеродром може да биде наменет за нискобуџетните летови за кои е поскапо да слетаат во Москва. Истовремено тој треба да биде и погоден за сите видови авиони и задолжително да има приодни патишта. Сега постојат многу зафрлени линии, а со определени вложувања тие можат да бидат обновени и таму можат да бидат пуштени или брзи трамваи или возови како што е аероекспресот кој сега вози до сите московски аеродроми.

Постои можност за пренасочување на тековите од големите руски градови. Треба да се развиваат регионите. Треба да се развиваат други правци.

Главниот уредник на порталот avia.ru и експерт на комитетот за сообраќај на државната Дума Роман Гусаров има поинакво гледиште. Според него дојдено е времето да се развиваат директни регионални авиолинии. 

Денес 80% од превозот се одвива преку Москва, патниците едноставно се принудени да летаат преку престолнината. Постои можност за пренасочување на тековите од големите руски градови. Треба да се развиваат регионите. Треба да се развиваат други правци. Постои аеродромот Пулково. Тој се развива. Ова е уште еден северозападен пат. Во Ростов на Дон започнува изградба на нов аеродром. Тој може да се користи како јужен аеродром. Едноставно треба да се пренасочат тековите, заобиколувајќи ја Москва.

Работната група за развој на Московскиот авионски јазол треба да го претстави својот модел на први јули. Потоа треба да започне процедурата за избор на место за нов аеродром. Неговата изградба најверојатно ќе се одвива во рамките јавното-приватно партнерство. Инвеститорите ќе направат терминали, хангари, аеродромска инфраструктура, а изградбата на пистите ќе ги преземе државата. Се претпоставува дека новиот аеродром ќе може да услужи 100 милиони патници годишно.


Прикажи на поголемата мапа

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња