Руските инженери од компанијата „Бизнес бјуро” (Бизнес бюро) го направија системот за мултиканална обработка на информации СОМСИ, благодарение на кој слепите лица ќе можат сами да се ориентираат во просторот, објави весникот „Известија”.
Уредот е всушност мал гаџет кој ја анализира ситуацијата во околината врз основа на визуелни и звучни податоци. Во основата на функционирањето на уредот лежат алгоритми на вештачка интелигенција.
Системот најпрвин прибира слики и звуци од околината, по што ги префрла на дигитална платформа. Невронската мрежа ги проучува добиените податоци и ги преведува во гласовни пораки и тактилна форма.
Инженерот Вјачеслав Чепраков објасни дека за разликување на еден предмет се потребни околу 10 илјади негови прикази од различни агли. На „обучувањето“ на невронската мрежа се работи околу година дена и таа веќе може да препознае човек, автомобил или телефон. Но засега не може да разликува лица ни марки автомобили.
Планирано е новиот систем да се тестира у пракса. СОМСИ не спаѓа меѓу техничките средства за рехабилитација кои еден инвалид може да ги добие од државата, така што на почеток корисници нема да има многу. Меѓутоа, ако се покаже дека овој гаџет е незаменливо средство за помош на слепите лица, ќе се работи на негово воведување во широка употреба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче