Министерството за здравство на РФ им вети на слепите бесплатни бионички очи

Леќа.

Леќа.

Photoxpress
Во Русија се планира бесплатно да се врши имплантација на „бионичко око“, изјави заменик-министерот за здравство на РФ Татјана Јаковлева.

Во Русија беше успешно извршена операција за вградување на ретинален имплант на мрежницата на окото и во иднина Министерството за здравство на РФ планира да ја направи оваа иновативна технологија достапна за слепите лица, изјави заменик-министерката за здравство на РФ Татјана Јаковлева. 

„Кога ќе се случи потврда на економската ефикасност, оваа операција ќе бидат вклучени во листата на високотехнолошка медицина (...) и овие операции ќе се вршат врз нашите пациенти на сметка на државата“, изјави Јаковлева на прес-конференција во вторникот, пренесува „Интерфакс“.

Ретиналниот имплант, или „бионичко око“ е уред кој се состои од специјални очила со мала видео камера, единица за обработка на „сликата“ и електростимулатор, кој се вградува во мрежницата на окото.  Сликата од камерата се обработува и се пренесува на имплантот на мрежницата преку безжична врска.

Операцијата за вградување на ретинален имплант беше направена пред еден месец во Научно-клиничкиот центар за оториноларингологија на ФМБА на РФ. Според Јаковлева, уредот почна успешно да функционира кај 59-годишен слеп пациент од Челјабинск и човекот по рехабилитацијата успеа да ја види силуетата на неговата ќерка. Операцијата беше прва во Русија и 41 успешна во светот.

Овој успех ќе овозможи широка примена на најнова технологија во Русија, изјави Јаковлева: најпрвин ќе се направат серија клинички испитувања, а потоа министерството има намера да ги направи овие импланти достапни за слепите лица и тоа за сметка на буџетот. Засега „бионичкото око“ се купува во странство, но во иднина се планира да се воспостави домашно производство на уредот. „Се разбира, бионичкото око ќе се купува во странство, многу е скапо. Нам ни треба сопствено производство и такви планови веќе има во Русија“, рече Јаковлева.

Таа додаде дека таквата операција може да им овозможи на околу 50 илјади луѓе во Русија делумно да си го вратат видот и да си го подобрат квалитетот на животот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња