Сериското производство на електричниот минибус со автопилот на КамАЗ почнува во 2022 година

ФГУП НАМИ

Почетокот на сериското производство на автономниот минибус ШАТЛ, кој КамАЗ го проектираше во соработка со Централниот научноистражувачки автомобилски и авто-мото институт НАМИ, е планирано за 2022 година, објави агенцијата ТАСС повикувајќи се на изјавата на заменик-генералниот директор на КамАЗ Ирек Гумеров.

Според него, во тек е тестирање на четири пробни модели. На нив се проверува функционирањето на автопилотот во затворени зони и паркови. Во најблиска иднина на тестирањето ќе му се приклучат и клиентите, чии сугестии ќе се земаат предвид при проектирањето на серискиот модел.

„Некаде до 2021 година ќе го почнеме пробното користење на автобусот под контрола. Веројатно во 2022 година тоа веќе ќе биде сериски производ за користење во затворени зони со ограничување на брзината“, рече Гумеров.

Во јуни 2018 година ШАТЛ (кратенка за „Широко Адаптивна Транпортна Логистика”) на специјална траса во Казањ го изведе своето прво возење. Возејќи ги првите патници, електричниот минибус со 12 седишта помина пат долг 650 метри со просечна брзина од 10 километри на час.

Како што изјави производителот, максималната брзина на минибусот, кој го движат четири електромотори вградени во тркалата, изнесува 25 километри на час. Ќе се произведува во две верзии: со погон на предните или задни тркала или со погон на сите четири тркала.

Прочитајте повеќе: КамАЗ претстави електричен автобус без возач

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња